Доколку средствата за отстранување шминка ви се прескапи, или пак доколку вашата кожа лошо реагира на нив, проблемот ќе го решите со тоа што самите ќе си направите средство од производите во фрижидерот.
Ефикасен производ за таа намена е млекото, чии витамини и протеини ја прават кожата мека. Секоја вечер исчистете го лицето со памук натопен во млеко. Повторете барем 2 пати и измијте го лицето со млака вода. За проблематична кожа се препорачува мешавина од млеко и чај од нане.
Исто така, маслиновото масло може да ви помогне да го ослободите лицето од остатоците од шминка. Памук натопен со маслото ќе ја избрише дури и водоотпорната маскара, а витамините А и Е ќе ги смират подочниците.
Одличен отстранувач на маскари и сенки за очи е и кокосовото масло, но внимавајте да не ви влезе во очите. Доколку носите контактни леќи, употребувајте сусамово или бадемово масло, кое пред спиење можете да го нанесете и на вратот и деколтето.
