Без сомнеж, во млекото се содржат сите неопходни компоненти за да ја одржувате кожата на лицето млада и свежа. Млечните масти се богати со наситени масни киселини, лецитин и витамини. А таа уникатна комбинација има безспорно подмладувачки ефект. Ако редовно го употребувате млекото, како козметичко средство, брчките ќе се редуцираат, кожата ќе ви биде светла и еластична.
Во ½ чаша топло млеко додадете овесно брашно или пченични трици и една лажица маслиново масло. Измешајте добро и оставете да отстои десетина минути. Добиената смеса уште додека е топла нанесете ја во дебел слој на лицето и вратот. Оставете ја 20 минути и измијте го лицето на крај со млака вода.
