Celebrity

Многу волшебство и мистерија во филмот “Хуго”

Ексклузивно ви го претставуваме трејлерот за најновиот филм на режисерот Мартин Скорсезе насловен „Хуго“.

Главните улоги ќе ги играат Ејса Батерфилд, Клои Грејс Морец, Бен Кингсли, Џад Лоу, Кристофер Ли, Саша Барон Коен и други.

Чуварот на саатот, а воедно и крадец, Хуго живее во прометната железничка станица во Париз, а неговиот живот зависи од тајната која ја чува и анонимноста на неговиот идентитет. Кога во неговиот живот ќе влезе ексцентричното девојче кое е сопственик на еден мал киоск со играчки на железничката, тајниот живот на сирачето Хуго и неговата најчувана тајна ќе се најдат во опасност. Тајниот цртеж, украдениот клуч, механичкиот човек и скриената порака ќе се склопат во една целина… во оваа замрсена, емотивна и волшебна мистерија.

Во кината ќе може да се погледне на 16-ти Февруари, 2012 година, соопштуваат од продукциската куќа „Paramount“.

Еве ги и двата трејлери:

http://www.youtube.com/watch?v=hR-kP-olcpM

http://www.youtube.com/watch?v=bcdEXHIuTxw

Напиши коментар