Со негата за убави гради треба да почнете со време. Со малку труд и напор може да имате убави гради, кои ќе го задржат убавиот изглед и цврстина и во поодминатите години.
Нежно масирајте ги градите
Секојдневно на градите нанесувајте посебна крема за нега на тој дел од телото. Додека ја нанесувате кремата нежно масирајте ги градите. Движењата нека бидат одозгора надоле. На тој начин и ќе овозможите полесно впивање на кремата.
Ставајте хранлива маска
Изрендајте два моркова и исцедете ги. Сокот додадете го во една жолчка и две капки маслиново масло. Смесата нанесете ја на градите и оставете ја да делува 15-20 минути. Потоа измијте се со топла вода. Оваа маска ставајте ја еднаш седмично.
Ледот ја затега кожата на градите

Издробете неколку коцки лед и ставете екстракт од индиски костен. Оваа смеса ставете ја на градите, но избегнете го делот помеѓу градите затоа што ладното може да ви го отежне дишењето.
Редовно вежбајте
Би било добро доколку вежбате секој ден. Но, со оглед на нашите обврски и темпото на живеење би било добро тоа да го сторите барем три пати во неделата. Легнете на грб. Со помали тегови кревајте ги рацете и спуштајте ги, така ќе ги активирате мускулите на градите.
Спојте ги дланките во висина на градниот кош. Силно притискајте ги дланките. Вежбата повторете ја 30 пати.
