Мојата кујна

Mousse со кафе

Некои се одлучуваат за темно чоколадо, некои пак повеќе ја сакаат белата варијанта на чоколадо, меѓутоа не е мал бројот на оние кои го обожаваат вкусот на Mousse со кафе. Штом го прочитате рецептот веднаш ќе ви стане јасно зашто е тоа така!!!

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

4 жолчки

1 ванилин шеќер

30 грама шеќер во прав

1 лажица инстант кафе

По можност 3 лажици ликер од кафе

1 лажици какао

50 грама бело чоколадо

80 грама мелени бадеми

200 милилитри слатка павлака

ПОДГОТОВКА:

Жолчките, ванилиниот шеќер, шеќерот во прав, инстант кафето, ( ликер од кафе ) и какаото ставете ги во сад и убаво измешајте ги состојките за да добиете компактна маса. А потоа варете ја на пареа постојано мешајќи околу 5 минути додека кремот не се згусне.

Потоа веќе растопената бела чоколада додадете ја во кремот  и на крај додадете ги мелените бадеми.

Откако смесата малку ќе се подолади, додадете ја веќе изматената слатка павлака и мешајте додека не добиете компактна смеса.

Спремната крема сервирајте ја во чаши почекајте 1 час додека смесата не се олади на собна температура.

Уживајте во несекојдневниот вкус !!!

Write A Comment