Celebrity

Музички дует на Џони Деп и неговата љубена!

Славниот актер Џони Деп и неговата љубена, пејачката Ванеса Паради ја преработиле песната на Серж Геинсбург со наслов „Ballade De Melody Nelson“.

Дека Џони покрај тоа што одлично глуми, знае и да пее, најпрво покажа во мјузиклот „Sweeney Todd“. Тој често знае да засвири на гитара заедно со своите идоли како што го стори тоа со Алис Купер или согрупата „ZZ Top“.

Песната, која познатиот холивудски пар ја преработи ќе се најде на албумот „From Gainsbourg to Lulu“, а на истиот албум гостуваат и Иги Поп и Скарлет Јохансон.

Напиши коментар