Celebrity

На Хју Џекмен му е непријатно да симулира секс

Хју Џекман изјави дека му било доста непријатно додека ја снимал сцената кадешто има секс со колешката Џенифер Гарнер во новиот филм „Real Steel“. Љубовната сцена се снимала на задното седиште од автомобилот, во целосен мрак.

–        Тоа беше една од најнепријатните и најсмешните работи кои сум морал да ги направам за време на снимањата. Џен и јас сме на задното седиште, а не се гледа ништо. Мораше да снимаме во автомобил. Режисерот беше на предното седиште, а на совозачкото седиште беше снимателот, – вели Џју.

Вистинскиот проблем настанал кога режисерот решил да ги снима одвоено, но само звукот. Не и сликата.

–        Еден од нас мораше да воздивнува како да се секса, а другиот молчеше. Не можев да издржам да не прснам од смеа, кога слушав како Џен стенка. Беше доста понижувачки. Мажите никогаш не звучат добро кога се сексаат, – заклучува Џекман.

Џенифер Гарнер, која во филмот глуми конзервативна жена од средниот запад, не го коментираше снимањето на љубовните сцени.

Напиши коментар