Art & Crafts

На природен начин решете се од здодевните инсекти!

Ова е периодот кога најмногу инсекти си бараат засолниште во нашите домови. Надвор се намалуваат температурите, а тие брзаат да се сокријат во некој топол дом. Како најлесно да се справите со нив?

Мувите и комарците не го поднесуваат мирисот на босилокот. Ставете по некое гранче на прозорците. Така ќе се заштитите од нивното влегување внатре во вашиот дом.

Мравките исто така знаат да бидат досадни. Тие не поднесуваат оцет. За да се реште од нив, во едно шише со распрскувач растворете јаболков оцет со вода. Односот на јаболков оцет и вода нега биде еднаков. На местата каде има мравки попрскајте со растворот. За разлика од другите инсектициди овој раствор не е штетен за вашето здравје.

За ноќните пеперутки спасот е во свеќата со мирис на лимон.

Write A Comment