Celebrity

На ред е 23-от филм за Џејмс Бонд! Зарем толку ги има?

Претставена е целата екипа од најновиот филм за тајниот агент 007 Џејмс Бонд, а официјалното име на филмот ќе биде „Skyfall“.

Инаку, ова е 23-тиот филм по ред за познатиот шпион, и во него по трет пат главната улога ќе ја игра Даниел Крег. Освен него, во филмот ќе се појават и Хавиер Бардем, Џуди Денч, Наоми Харис, Ралф Фиенес, Алберт Фини и Бен Вишав.

Сценариото е дело на Нел Пурвис, Роберт Вејд и Џон Логан, а режисер е Сем Мендес.

Снимањето на филмот започнува уште во понеделник, на 7-ми Ноември, а во кината се очекува да се појави кон крајот на октомври 2012 година.

Write A Comment