Celebrity

На Симпсонови им се гледа крајот…

Телевизијата „Фокс“, која со години заработуваше милијарди со легендарните „Симпсонови“, одлучи на серијата да ѝ дојде крај. Додека се водат преговори со актерите за помали хонорари, од „Фокс“ тврдат дека иако тоа се случи, серијата ќе се укине по завршетокот на следната сезона. „Симпсонови“ наводно не се така профитабилни како порано и дури ни заштедите не можат да ја спасат една од најдолговечните и најпопуларни цртани серии.

Ако актерите се согласат на 45% намалување на хонорарот ќе има уште една сезона, но ако не се согласат 23-тата сезона ќе биде последна. Кризата не ја осетија само актерите туку и целата екипа која работи на серијата. Продуцентите веќе се согласиле со намалувањето на хонорарот, а се очекува и конечната одлука на актерската екипа.

Инаку, „Симпсонови“ почнале да се емитуваат во 1989 година и со 22 сезони е најдолговечната ТВ серија на малите екрани. Досега се прикажани 488 епизоди со култните ликови: Хомер, Барт, Лиса, Марџ и Меги кои се препознатливи низ целиот свет. Серијата има добиено 27 Еми награди и 27 „Annie“ награди, а од списанието „Time“ е прогласена за серија на 20-иот век.

Напиши коментар