Здраво тело

НАЧИНИ ДА ЈА ПОБЕДИМЕ НАСТИНКАТА

Дали го избегнувате вашиот соработник кој во последно време непрестајно кашла, и има симптоми на настинка и грип? Имате фобии од настинка и грип? Преземете неколку чекори пред грипот да допре до вас. Ние консултиравме неколку медицински експерти со цел да Ви ги приближиме насоките за избегнување на настинката и сезонскиот грип.

Миење на рацете – Мијте ги рацете колку што е можно почесто, особено доколку сте надвор од дома, и се ракувате со некој со симптоми на грип и настинка. Користете течен сапун и топла вода, и мијте ги повеќе од 30 секунди. Доволно е двапати да ги премиете рацете во еден акт и вирусот да го снема од дланките.

Не го допирајте носот, очите, устата и лицето додека сте надвор од дома. Тоа се најчести начини на пренос на вирусите.

Практикувајте 8-часовен сон. Доколку сте изморени Вашиот организам потешко се брани против инфекцијата.

Вакцинирајте се – доколку одлучите да се вакцинирате против сезонски грип, тоа треба да го направите пред почетокот на зимата.

Вежбајте – Одржувајте нормална дневна телесна активност. Со тоа го зголемувате имуниот систем кој полесно би се борел против инфекцијата.

Држете дистанца – одржувајте растојание од лицата кои манифестираат симптоми на настинка и грип, како течење од носот и кашлица.

Користете дезифициенси – базирани на алкохол, како влажни марамчиња и антисептични гелови.

Откажете се од цигарите – чадот од цигарите го прави респираторниот систем приемчив за инфекции, бидејќи ги оштетува ќелиите во носната шуплина.

Не јадете од колективни места каде што се служат салати и јадење кое секој може да го допре и да земе од него.

Чантите собираат вируси исто како и ние, па така можете да се реинфицирате секогаш кога земате нешто од чантата. Затоа преку зима користете чанта која е направена од кожа или винил.

Не ги грицкајте ноктите. Грицкањето на нокти може да ве разболи. Бактериите кои се наоѓаат под ноктите лесно можат да бидат внесени во организмот.

Пробајте да се насмеете. Според новите истражувања, среќата може да ви помогне. Сексот, позитивното размислување, играњето со домашниот миленик и други работи кои причинуваат задоволство ќе го подобрат вашиот имун систем.

Каде да кивнам? – Можеби звучи чудно, но кога мора да кивнете или да се накашлате, направете го тоа во превојот на лакотот, а не во рацете. Бидејќи рацете се извор на бактерии, така ќе го спречите нивното ширење.

Земете одмор. Ако сте болни тогаш ова е време кога треба да не се појавувате на работа. Останете дома и грижете се за себе.

Write A Comment