Ти заслужуваш некој подобар
Ако ова ви го има кажано, тогаш навистина заслужувате некој подобар, но зарем не би требало сами да одлучите ? Вистината е дека тој навистина сака да најде друга подобра, но се плаши да ви го каже тоа!
Премногу те сакам!
Вистинска мелодрама, но која е причината ? Во ваков изговор ни дете не би поверувало!
Ми треба повеќе простор
Нејасната фраза поради која момците ги сокриваат вистинските работи : досадно ми е, ми треба нешто возбудливо, сакам да излегувам со други девојки….
Морам да се концентрирам на работата
Дали навистина е посветен на работата или само сака да ја избегне расправијата и сака елегантно да побегне ?
Одиме премногу брзо
Не сака да биде сериозна врска или вас не ве сака доволно за сериозно да се врзе.
Морам да се пронајдам себеси
Филозоф или кукавица која не е подготвена да е соочи со вас и вистинска причина за тоа е престанок на врската.
