Помеѓу сите подароци кои можете да ги подарите на саканиот човек, има еден, што со гаранција ќе го зарадува. Се разбира станува збор за секс!
Не е потребно да правите ништо поразлично од она на кое веќе сте свикнале, но важна е самата идеа дека ќе го изненадите.
Сепак најдобро ќе биде да си купите нова сексипилна долна облека специално за празнициве и неговото изненадување. Уште по оргинално ќе биде ако врзете преку своето тело панделка и така ќе бидете супер жив подарок.
За да биде вистинско изненадување треба да го одберете моментот кога тој воопшто не ве очекува. Добар момент е додека е во бањата или другата соба. Запалете неколку ароматни свеќи за подобро расположение и седнете така облечена на креветот во некоја секси поза.
По храбрите дами можат да организираат и домашен стриптиз. Овде предизвикот е да не се срамите, да бидете уверена и без трема да ја соблекувате облеката полека. Последна задача – пред да го изведете ова направете една проба предходно! Успех!
