After Midnight

Најголемите грешки на жените кои мажите ги мразат

Постојат модни стилови кои инстантно ги одбиваат мажите, иако жените имаат впечаток дека со нив успеваат да го привлечат вниманието на мажите. Прочитајте кои се најчестите модни грешки што жените ги прават во обид да ги заведат мажите.

Премногу шминка

Најголем дел од мажите се изјаснуваат дека сакаат поприроден изглед на жените. Голем дел од жените пак, не се чувствуваат удобно доколку не носат шминка, па затоа оптималното решение е некаде помеѓу.

Кога шминката ќе биде нанесена правилно и суптилно, резултатот може да биде фантастичен. Но, кога се претерува, тоа може да биде вистинска катастрофа. Запомнете – повеќе не значи и подобро.

Агресивно деколте

Секако, мажите уживаат кога жените имаат убаво деколте, но на најголем дел од нив им претставува доволна потешкотија да го задржат погледот фиксиран на лицето од соговорничката и кога нејзините гради се убаво сместени во облеката – можете да замислите што се случува кога тие буквално испаѓаат. На моменти, тоа може да биде и невкусно и вулгарно.

Очигледно имитирање на славни личности

Едно е сигурно – сите во потенцијалниот партнер бараат нешто уникатно. Доколку девојката се однесува како да е клон на некоја пејачка или актерка, тоа не само што изгледа смешно, туку е добар знак дека нема свое јас.

Пренатрупаност со накит

Во ред е да се носи накит, но никој не треба да изгледа како подвижна продавница за накит. Ваквата форма на надменост им кажува на мажите дека се трудите тие да добијат впечаток дека не можат да си дозволат да се со Вас.

Евтин изглед

Стилот е многу важен за привлечноста на една жена. Доколку нејзиниот стил се базира на премногу куси здолништа и претерано длабоки деколтеа, тогаш сигурно ќе ги одбие мажите со евтиниот изглед.

 

Напиши коментар