По повод Ноќта на вештерките решивме да ви ги доловиме најстрашните филмови на сите времиња. Еве како изгледа листата:
Култниот филм „Истерувач на ѓаволи“ од 1973 година е прогласен за најстрашен хорор на сите времиња, според анкетата на филмскиот медиум „Digital Spy“. Дали класичниот хорор за детето кое беше опседнато од ѓавол е навистина најстрашен филм или…?
Сепак, да. Барем, така сметаат поголемиот број од испитаниците. Инаку, филмот е награден со Оскар и е дело на Вилијан Фридкин, а освои 15,5% од вкупниот број на гласови.
На второ место се најде филмот „Паранормална активност“ со 11,7 гласови, а третата позиција ја зазеде филмот од 1978 година, наречен „Ноќ на вештерките“.
Подолу на листата се најдоа и: „Ноќ на живи мртовци“, „Бебето на Розмарин“, „Психо“, Полтергоуст“, „Врисок“, „Прстенот“, „Предскажување“ и многу други.
А, поради кој „Фреди Кругер“ вие сте поминале бројни несони ноќи?
