Убавина

Намирници кои ги “пеглаат” брчките

Доколку трошите куп пари на козметички препарати против брчки, можеби е време да ја пробате и поефтината варијанта. Ова се намирници кои ги пеглаат брчките:

Белки од јајца

За брз ефект, изматете две белки со миксер, да добиете цврст снег. Потоа смесата нанесете ја на лицето и оставете половина час. Измијте се со млака вода и продолжете со секојдневната рутина за нега на кожата.

Кокосово масло

Секогаш пред спиење ставете на лицето кокосово масло. Убаво втријте и легнете. Цела ноќ кокосовото масло ќе “работи за вас”.

Ананас

Ова тропско овошје има моќни ензими кои ги хранат ќелиите на кожата. Ставете смеса од испасиран ананас на лицето и уживајте 15 минути.

 

Write A Comment