Доволни се неколку едноставни трикови и малку фантазија вашиот дом да изгледа поубаво.
Искористете го она што го имате во домот за да направите интересни украси. Еве неколку идеи кои можат да ви помогнат во тоа
Украс за трепезариската маса
Потребен ви е привлечен украс за трепезариската маса? Земете мали плитки чинии со интересен облик и бои и во нив наредете свеќи во најразлични величини и ќе добиете оригинален украс за трепезариската маса.
Евтина декорација на саксии
Соберета каменчиња со различна форма и боја и наредете ги во саксиите. На тој начин ќе ја сокриете земјата и ќе добиете интересн детаљ.

Природата како украс
Есенските листови, гранки, камчиња кои сте ги донеле од летување ставете ги во стаклена чинија или тегла и ќе добиете симпатичен украс.
Преуредете ја полицата за книги
Не можете да претпоставите колку вашата полица за книги ќе изгледа поубаво кога книгите би ги наредиле според бојата на нивните корици. На пример, ставете ги црните до црвените, злените до зелените… а потоа наместете ја ламбата на начин што светлината ќе паѓа на боја што ја сакате.
