Последиците од фарбање, исправување, фенирање, па и силен ветер и јако сонце се сува, оштетена и безживотна коса. Најдобро е косата да ја негувате постојано, за да не дојде до несакана состојба на косата. Но, доколку дојде до тоа без паника. И за тоа има решение.
Маслиново масло
Секогаш пред миење нанесете маслиново масло на косата, и држете го колку што имате време. Колку подолго толку подобро. Тоа ќе ги освежи вашите суви врвови. Доколку сакате може да нанесете и мајонез, тој го има истото дејство како и маслиновото масло.
Најдобро е да направите сами шампон од кој вашата коса ќе расте побрзо и многу лесно ќе се опорави од секојдневните третирања.
Потребно ви е:
– шампон од коприва 500 мл
– пантенол 50 мл
– капки од коприва 30 мл ( едно шишенце)
– АД капки ( едно шишенце)
– Б витамин во ампули ( 2-3 ампули)
Измешајте ја оваа смеса во шишето со шампонот. Секогаш пред да го употребите овој шампон убаво промешајте.
