Во план е да се сними филм за животот на неодамна починатата музичка ѕвезда Ејми Вајнхаус и тоа според книгата „Спасувајќи ја Ејми“, дело на шоубиз новинарката Дафне Барак.
Неколку холивудски продуценти моментално се натпреваруваат кој да ги откупи филмските права и сценариото за филмот. Новинарката која ја напишала биографијата на Ејми ѝ била доста добра пријателка, а имале направено и многу заеднички интервјуа.
Подоцна новинарката се запознала со семејството на Ејми, со нејзиниот поранешен сопруг, а заедно со нив понекогаш одела и на годишни одмори.
