Celebrity

Наскоро и мјузикл за Ice Age!

Љубителите на анимираната филмска триологија „Ледено доба“ сигурно ќе се развеселат штом ќе чујат дека творцитe на франшизата планираат да направат мјузикл со истото име. Трите филмови досега во светски рамки заработија скоро две милијарди долари, а нови приходи сигурно ќе донесе и шоуто кое на гледачите уште поверодостојно ќе им го покаже животот на животните кои живеат на лед, како и нивните авантури.

Премиерата се очекува да биде во декември, следната година на Вембли во Лондон, а потоа мјузиклот тргнува на светска турнеја во уште 30 земји.

–   Шоуто ќе ви овозможи вистински влез во тамошниот свет, ќе можете да го допрете и да го почувствувате тој живот на лед, – изјавил Џефри Годсик од Фокс.

 

 

Write A Comment