Изгледа дека Емина Јаховиќ и донесе повеќе среќа на Наташа. Откако Емина глумеше во една турска серија, сега дојде редот и на Ната.
Турски продуценти, кои го гледале настапот на Емина и Ната во дует се заинтересирале за Ната. Така таа добила понуда да глуми во една турска серија. Не знаеме како ќе се снајде со турскиот јазик, но Ната е талентирана па ќе помине лесно и во оваа ситуација.
