Британската пејачка Лили Ален постојано објавува детаљи за својата бременост на Твитер. Најнов момент е кога сопругот ѝ рекол дека е дебела и дека сака опсесивно да контролира сè околу себе.
На пејачката воопшто не ѝ се допаднале зборовите со кои сопругот Сем Купер ја почастил, иако тој сето тоа го кажал на смеа.
– Маж ми самошто ми рече дека сум негов мал, дебел контрол-фрик, – напишала на Твитер.
Со оглед на тоа што пејачката треба да мирува за време на бременоста, се чини дека досадата си ја лечи на Твитер, па постојано споделува делови од секојдневието.
Неодамна напишала: „Повеќе не можам да си ги прекрстам нозете, дали е тоа нормално?“
Инаку, Лили и Сем се во брак од јуни оваа година.
