Луѓето кои повеќе размислуваат во донесувањето на одлуки, имаат повеќе клетки во предниот дел од мозокот, односно во фронталните лобуси, но тие се склони на депресивни растројства…
Британски научници, чија студија ја објавил магазинот Science, заклучиле дека размислувањето за време на донесување на одлуки, влијаат на големината на мозокот. Истражувањето, меѓутоа, покажало дека претераното размислување во животот предизвикува депресија. Една група на научници од универзитетот UCL во Лондон, побарале од 32 доброволци да кажат која од две многу слични фотографии имаа посветла точка. Затоа било потребно на скала од еден до шест да наведат колку се сигурни во својот одговор. Испитаниците кои биле сигурни во својот одговор имале повеќе мозочни клетки во предниот дел од мозокот познат како префронтален кортекс, кој се поврзува со многу мозочни и психички пореметувања, како што е аутизмот. Истражувачите досега го имаат анализирано начинот на кој тоа подрачје функционира, додека луѓето донесуваат одлуки во реално време, но не и разлики меѓу поединците.
Оваа студија е прва која покажува дека постои разлика во големината на овој дел од мозокот во зависност од тоа колку луѓето размислуваат во своите одлуки. Истражувачите се надеваат дека со новите сознанија за овие видови на разлики, може да им помогне на луѓето кои патат од ментални болести. Тие препорачуваат дека многу размислување не е секогаш многу добро, бидејќи во некои случаи тоа може да доведе до депресија.
