Убавина

Не заборавајте на вратот и деколтето!

Ако забележите дека ви се менува формата на брадичката или почнува да се појавува двојна брадичка веднаш превземете мерки!

Специјалистите советуваат да користиме ниска перница и да не дозволуме нагло слабеење или дебелеење. Наутро и навечер после миење и нанесување на крем направете неколку едноставни вежби.

Стиснете со заби молив и обидете се во воздухот да си го напишете името и презимето, датата на раѓање и годината, градот каде сте родени и сл. Ако не ви оди лесно, во почетокот обидете се со првите десет букви од азбуката.

Завртете десет пати со главата во двете насоки, а после исто толку пати напред и назад со главата.  Овие вежби не одземаат многу време, а ако редовно ги практикувате, ќе се убедите дека има полза од нив.

Write A Comment