After Midnight

Неколку докажани трикови за успешна манипулација! Само за жени:)

Сте користеле ли до сега разни трикови и методи за манипулација на припадниците на машкиот пол? Дури да одговорите „Не“, вистината е дека сите ние тоа го правиме понекогаш подсвесно. Ако сеуште тоа е на подсвесно ниво кај вас, време е да преминете во акција насочена кон машката популација!

Еве ги најчестите манипулативни методи…типично женски:

Солзите

Навистина неверојатна сила имаат женските солзи. Понекогаш и најжелезниот маж омекнува пред глетката  на расплакана жена. Откако постои човечкиот род, ова е најупотребуваниот метод за постигнување на целите кај нежниот пол.

Насмевката

Точно обратното на солзите – насмевката има исто така силно влијание врз мажите. Кога пред тебе ќе застане суштество со ангелско лице кое мило те гледа и со најнежната насмевка на светот, е многу тешко да кажеш „не“ на тоа што го бара.

Кокетно однесување

Ваквото поведение не е од денес, флертувањето дури и со лица кои за вас реално не претставуваат некој предизвик, се толкува од повеќето луѓе како „ лесна жена“ но реално претставува многу „ефикасна“ метода користена од многу жени за постигнување на посакуваниот од неа резултат.

Прекината интимност

Обично се користи после неуспешна мисија, односно кога жената не си го добила она што го барала. Во ваквиот случај жената одбива да прави секс се додека партнерот не и ја задоволи желбата. Ова е прогласен за најделотворен метод од сите спомнати до сега.

Write A Comment