Ако маникирот е вашата страст еве ви неколку оригинални идеи за тоа како би можел да изгледа вашиот празничен маникир, а тоа да биде едноставно, модерно и уникатно. Многу пати до сега сме пишувале за основните тенденции во областа на маникирот и еве ќе ги повториме главните изводи, а тоа е дека ноктите сезонава се кратки без излишни украси и кич елементи. Со еден збор – природен изглед за ноктите.
Кратки нокти со совршена форма, лакирани во бежово, телесни бои или со провиден лак, малку сјај и расположение и готова сте!


