Ова се неколку практични совети кои ќе ви помогнат да дојдете до здрава и сјајна коса и покрај ладното време. Во зима косата го губи сјајот, влажното време ја извиткува косата и ја прави нескротлива.
Бадемово масло

Навечер пред да си легнете нанесете неколку капки маслиново масло на коста, избегнувајте го коренот. Тоа ќе ја зајакне косата и ќе и даде живост.
Витамин Е
Кога купувате шампони и регенератори прочитајте во составот дали содржат витамин Е.
Храна богата со железо
За да го спречите паѓањето на косата обрнете внимание на исхраната. Јадете повеќе храна која содржи железо.

Доколку имате темна коса после шампонирањето посипете ја косата со кафе. Потоа измијте. Тоа ќе ја интензивира бојата и сјајот.
Доколку имате светла коса направте го тоа но со чај од камилица.
Заштитете се од топлина

Избегнувајте сушење со фен. Ако треба направете го тоа, но фенот држете го на поголема оддалеченост.
