Здраво тело

Неспиењето го оштетува мозокот

Новото истражување покажало дека недостатокот на сон особено во тинејџерските денови предизвикува оштетување на мозокот. Тоа може да остави трајни последици на врската помеѓу нервните келии и мозокот.

Научниците спровеле едно истражување на млади глувци кои биле поделени во групи. Во едната група биле глувците кои секојдневно биле будни од 8 до 10 часа, и на кои им било дозволено да спијат кога што сакаат, додека во другата група биле глувци кои биле приморани да останат будни цело време.

Научниците откриле дека глувците кои не спиеле доволно имале неправилности во врската на нервните келии и мозокот.

Хроничното неспиење трајно остава последици особено кога станува збор за лицата кои се во развој.

 

Write A Comment