Тоновите во бојата на кожата, бел туш за очи или бело моливче, златно – беж нијансите се секогаш одличен избор за спортски и елегантен изглед. Истовремено ќе добиете природен изглед кој секогаш изгледа добро.
Нијансите на боја на песок или кремастите тонови одлично ги дефинираат очите. Одберете светло розевкасто руменило, а карминот нека биде во пастелни нијанси кој нема да одстапува од остатокот на шминката.






