Има некои работи кои ако се вгнездат во една врска, подмолно како вирус, без и да забележите, еден ден ќе ја уништат вашата врска. Се се сведува на односот еден кон друг. Еве на што треба да обрнете внимание:
Љубомора без граници – за погубното влијание на љубомората врз врската е напишанои кажано многу. Понекогаш се преминува границата и љубомората станува едно болно и разрушително чувство што уништува се – семејството, љубовта, здравјето. Рано или касно мажот изложен на постојаниот притисок од својата жена не издржува повеќе и започнува романтична врска надвор од дома.
Сексот употребен како оружје – тој ви купил скап подарок и веднаш главата престанува да ве боли. Тој направил грешка и дал комплимент на ваша пријателка и во креветот вие повторно поставувате невидлива граница и му вртите грб. Така во еден момент, мажот уморен од ваквата игра ќе најде жена која нема сексот да го користи како манипулација, а да го привлече поблиску кон себе, а се подалеку од вас.
Постојана критика – исправен пред секојдневната критика и осудување од ваша страна, за тоа што го прави или не прави, мажот рано или касно ќе се замисли дали заслужува навистина ваков однос од толку „добра“ жена како вас.
Од се по многу – Безсмислено дрдорење, внимание, умилкување, емоции, контролирање на секој негов чекор, задушување со постојани грижи, разговори – често дава многу поразличен ефект од тој што го очекувате. Лишен од сопственото пространство во еден момент тој ќе престане да разбира до каде сте вие и каде започнува неговото „Јас“. Првата природна и спонтана реакција на ваквиот маж е да ги рашири границите на личното пространство…како на пример да се оддалечи од вас.
Приспособувајќи се кон вашите вкусови и желби, кои се противорочат со неговите сопствени, мажот го губи своето лично пространство. А што се случува тогаш, видовте погоре. Рано или касно, тој ќе започне да се бунтува…и последиците се јасни за сите!
