After Midnight

Ноктите ја откриваат вашата личност

Стручњаците тврдат дека тоа што ја гради нашата личност и нашиот карактер, се всушност нашите вообичаени секојдневни навики и ритуали, од наједноставните па се до оние најсложените.

Тие тврдат дека женската рака, а особено ноктите можат да кажат многу работи за каратерот на жената, за нејзините очекувања, желби, страсти…

 

Изгрицкани нокти 

Изгледот на ваквите нокти не е естетски. Кратките и изгрицкани нокти се знак на нервоза. Жените со вакви нокти лесно избувнуваат, не можат да се снајдат во тешки и стресни ситуации, не се самоуверени, не се сигурни во своите избори и одлуки, ги обвинуваат другите за направените грешки, многу често се расплакуваат без никаква причина и се емотивно нестабилни. Жените со изгрицкани нокти тешко се носат со улогата на жена и сакаат да му бидат другар на својот партнер.

 

Кратки нокти 

Жените со кратки и средени нокти водат грижа за својот изглед, го негуваат и се секогаш уредни, но не се премногу верни на модните трендови. Мирни се по карактер, не се лесно избувливи, посветени се на работите кои ги сакаат и работат. Понекогаш знаат да бидат повлечени и затворени и да не сакаат да се дружат ниту пак да комуницираат со своите пријатели и најблиските. Немаат тајни, многу се отворени и искрени и истото сакаат да го добијат од својот партнер. Лагата и изневерувањето тешко го простуваат.

 

Долги нокти 

Жените со долги нокти се дами во вистинската смисла на зборот. Меѓутоа, должината зависи од нивниот стил. Предолгите нокти се знак на екстремности во секое поле од животот, додека пак умерено долгите нокти се знак дека жената е смирена и дека води грижа за тоа како изгледа и се однесува пред останатите. Сензуални се, сакаат предизвици и возбудувања, и често не можат да им одолеат на искушенијата. Не го сакаат спортот и најдобрата забава за нив е шопингот, кафето со пријателките проследено со некој најнов трач или пак вечера во некој елитен ресторан.

 

Вештачки нокти

Жените со вештачки нокти се често површни, сакаат да бидат некоја сосема друга жена и не се познаваат самите себеси. Никогаш не остануваат само на вештачки нокти, туку продолжуваат и со пластични операции. Сепак, и покрај таквите потфати на кои се сложуваат, тие се добри пријателки, секогаш се ведри и расположени. Кога станува збор за какви се во љубовта, тоа прашање е малку деликатно. Често се љубоморни и многу посесивни и се лутат ако не е по нивно.

 

Напиши коментар