Погледнете што се случува кога Алвин и неговата екипа ќе си го допуштат одморот од соништата.
Третиот дел од приказната за распеаните верверици се случува на луксузен брод, а збрката настанува кога Алвин ќе одлучи дека на Дејв му е потребен малку поинаков одмор, па затоа целото друштво завршува на пуст остров.
За филмот, своите гласови ги позајмуваат: Џастин Лонг, Метју Габлер, Ејми Полер, Ана Фарис и други, додека „вистинските“ улоги ги играат Џејсон Ли, Дејвид Крос и Џени Слејт.
Премиерата на третиот дел од цртанот ќе биде на 16-ти Декември и тоа во Америка.
Еве го и трејлерот:
httpv://www.youtube.com/watch?v=hcnDn2hwiSg
