Вчера е објавен трејлерот за филмот „Џек, убиецот на џинови“, во режија на Брајан Сингер.
Филмот говори за војната помеѓу луѓето и џиновите, кои случајно, со помош на магичен грав го ослободува Џек. Џиновите со векови биле затворени, и откако Џек не сакајќи ги ослободил, добива задача повторно да ги затвори.
Тој ќе се бори за своето кралство и за љубовта на една киднапирана принцеза.
Во главните улоги ќе ги видите Иан МекГрегор, Еленор Томас, Стенли Тучи, Иан МекШејн и Бил Најтли.
Премиерата е закажана за 15-ти Јуни, 2012 година.
Погледнете го и трејлерот:
http://www.youtube.com/watch?v=7I67Wycxtmk&feature=player_embedded
