Celebrity

Новата наследничка на Бијонсе!

Кога таа запеала, целосна тишина завладеала во просторот, а веднаш потоа следел громогласен аплауз.

Ваков глас може да биде само вроден, тоа е нешто што само природата може да ви го подари. Рејчел Кров има само тринаесет години, а пее како да има двојно повеќе. Со својот глас го расплакала дури и жирито на американското шоу „Х-Фактор“.

Таа ја пеела песната „If I Were a Boy“ на Бијонсе и звучела многу слично на самата пејачка. Инаку, Рејчел е родена во семејство каде скоро сите биле наркозависници. Како бебе претрпела злоупотреба, па била посвоена на шест месеци. Барбара Кров која ја посвоила вели дека Рејчел гледа позитивно на минатото, но дека не знае кои ѝ се родители и дека никогаш нема да дознае. Девојчето вели дека има најдобри родители на светот и дека Барбара ја гледа како биолошка мајка.

Доколку добие 5 милиони долари на шоуто, таа би им помогнала на другите деца да ги остварат своите сништа.

–  Би сакала да основам свое здружение кое би им помогнало на децата да се чувствуваат добро без обзир на тоа што сакаат во животот, да пејат или да глумат, да играат некој спорт или да одат на Харвард, – рекла Рејчел.

Напиши коментар