Celebrity

Нови продолженија на суперхитот “Матрикс”?!

Ќе се снима најново продолжение на филмската триологија „Матрикс“ или барем тоа е она за што се распишуваа медиумите овие денови.

Наводно, главниот актер во триологојата, Кијану Ривс ја поттикнал оваа лавина од гласини, изјавувајќи дека браќата Вачовски веќе започнале со подготовките околу двете нови продолженија на серијалот „Матрикс“.

Славните браќа веќе се сретнале со Џејмс Камерон за да се запознаат од блиску со сите аспекти на 3D технологијата за да ја применат во новите продолженија.

Моментално, овие режисери работат и на други големи проекти, па не се знае кога точно и дали воопшто ќе почне да се работи на реализација на овој проект.

Напиши коментар