Celebrity

Новиот спот на “Coldplay” со плишаниот слон:)

Неколку дена откако соработката на Ријана со „Coldplay“ се појави на интернет, позната група објави уште еден спот и тоа за песната „Paradise“, која ќе биде втор официјален сингл за албумот „Mylo Xyloto“ кој се очекува да излезе на 24-ти Октомври.

Во еден малку необичен спот, еден плишан слон бега од зоолошката градина во Англија и со авион тргнува на пат за Африка, каде во саваната прави бенд со другите плишани слонови таму.

Бендот најави дека веднаш по објавувањето на новиот албум тргнуваат на интензивна медиумска промоција, а после тоа и на турнеја, соопштува сајтот „Billboard“.

А еве како изгледа и музичкото видео:

Напиши коментар