Појадокот е навистина најважниот оброк, барем кога е во прашање намалувањето на тежината. Научниците потврдија дека обилниот појадок има попозитивен ефект на витката линија отколку нискокалоричниот.
За време на неколку месечното истражување на англиските научници, дебелите жени кои јаделе повеќе од половина од дневно препорачаните калории за појадок, изгубиле повеќе килограми отколку оние кои појадувале ниско калорична храна.
Истражувачите ги поделиле испитаниците во две групи на кои им била препорачана посебна исхрана. Едната група за појадок јадела 210 калории, додека втората дури 610. Појадокот се состоел од 58 грама јаглехидрати, 47 грама протеини и 22 грама масти.
По четири месеци диета, жените кои биле на нискокалоричен појадок во просек ослабеле по 12,7 килограми, а оние кои појадувале пообилно ослабеле 10,4 килограми. Но, до завршетокот на целото истражување кое траело осум месеци, бројката се завртела во корист на групата која појадувала пообилно, а оние кои појадувале помалку почнале да се дебелат и накачиле во просек по 8 килограми, додека “кркачите” намалиле во просек по 7,4 килограми.
Заклучокот на научниците е дека малите порции појадок можат да ја зголемат потребата за храна, додека обилниот појадок го контролира апетитот.
