Убавина

Очите на Клеопатра

Кога ќе го  слушнeте  името Клеопатра, сигурно веднаш помислувате на нејзините очи, на тој смел и драматичен look! Основата на таквиот изглед е темната бронзена подлога со сјај. Очите се главниот фокус, сино –  зелени и златни нијанси, нагласени и зголемени со туш или со молив како и силно нагласени веѓи. За образите и устата се користат многу неутрални нијанси.

Модерниот Клеопатра look ги задржува драматично црно исцртаните очи со неутрални, златни и кафеави до сиви  и црни сенки. Без оглед дали сакате да се облечете како Клеопатра за некоја забава или само сакате да додадете малку драматичност во вашето секојдневно вообичаено шминкање, еве како ќе се нашминкате:

1. Нанесете течна пудра или камена пудра или во прав како и вообичаено. Имајте на памет дека старите Еѓипќани верувале дека потемната кожа е најубава, така да се употребува потемна подлога и бронзер  бидејки и дават на вашата кожа исончен бронзен изглед (внимавајте на вратот).

2. Употребете  средно или темно кафен молив за веѓи и згуснете ги вашите веѓи. Слободно исцртајте ги малку подебели и подолги отколку што се вашите, но нње претерувајте и настојувајте линијата на веѓите да биде рамна.

3. Нанесете сенка врз целиот очен капак се до веѓите, во внатрешниот агол на окото  можете да додадете малку златна или сребрена сенка за очи, во зависност каква сенка сте ставиле на целиот капак.

4. Исцртајте го окото над горните  и долните  трепки  потоа исцртајте линија кон носот и кон  надворешниот агол на окото. Колку е подебела и подолга линијата изгледот ќе биде подраматичен!

5. Врз трепките нанесете неколку слоеви маскара или пак ставете вештачки трепки за уште понагласен драматичен изглед!

6. На јагодиците  нанесете малку повеќе бронзер отколку на целото лице, а на устата ставете неутрално црвило, и веќе ништо не треба!

Kim Kardashian освен што очите ги нашминка во стилот на Клеопатра (златна сенка, многу црн креон и силно нагласени трепки ), со шишките додатно го нагласи „ египетскиот“ looк

Emma Watson  тоа го направи со многу златна и бронзена сенка како и со драматичното црнило околу очите.

Најпознатата холивудска Клеопатра – Elizabeth Taylor,  совршената инкарнација на славната египетска владетелка вистински ни го претстави стариот египетски стил на шминкање.

Write A Comment