Sweet Home

Одлучете се за тапет

„Зборувај потивко, и ѕидовите имаат уши“. Дали некогаш сте помислиле дека тие имаат и лице? Со креативните тапети, кои се голем хит оваа година во ентериерот, можете да го постигнете тоа.

На пазарот денес се присутни во повеќе различни стилови (класични, модерни, ретро, детски), бои и текстури. Разликата во однос на некогашната употреба на тапетите е во тоа што со нив порано се обложувале цели ѕидови, додека денес ефектно е ако еден ѕид или само дел од ѕидот се облепи со тапети со крупен мотив.

 

Најновите генерации на тапети, за разлика од некогашните лесно се ставаат и вадат, отпорни се на влијанието на сончево зрачење, боите се поквалитетни и попостојани, а исто така и одржувањето е олеснето поради можноста да се мијат. На модерните тапети како мотиви најзастапени се минималистичкитe, цветните, геометриските и апстрактни мотиви, како и мотиви од времето на барокот, а особено атрактивни се мотивите во боите на годишните времиња.

 

За дневната соба идеално решение се тапети со мултиплицирани мотиви кои само ќе го украсат ѕидот, а нема многу да привлекуваат внимание бидејќи тоа сепак е простор во кој се поминува најмногу време. За опуштање во спалната соба и за помирен сон може да се постават фототапети со смирувачки призори во сина или зелена боја. Во детската соба со помош на фантазијата, внесете живи и весели мотиви кои ќе ја поттикнуваат детската разиграност. Инаку не е препорачливо со тапети да се обложуваат споредните ѕидови. Идеално е да се постават на ѕидот до гарнитурата за седење, до креветот или позади него во спалната соба.


1. Пониска цена 
Во однос со продуктите за отсликување на површини, тапетот е поевтина и временски поисплатлива инвестиција.

2. Поставувањето на тапет е чиста постапка
При работа со бои за ѕид, насекаде се прави неред, несаканите капки од боја се сушат и тешко се отстрануваат. Поставувањето на тапетот е постапка при која не се валка.

3. Брзо поставување
Се е завршено кога е поставен тапетот. Можете да уживате во ентериерот без да чекате ѕидот да се суши, а непријатната миризба ја нема. Го поставувате каде сакате и кога сакате

4. Тапетите нудат совршени ефекти
Аrt ефектите како обработка на површините се достапни во форма на тапет. Тапетот нуди безбедност дека резултатот ќе ги исполни вашите желби.

5. Лесни за одржување
Тапетот е многу полесен за одржување во однос на бојадисуваниот ѕид, лесно се брише со влажна крпа или четка. Некои тапети се отпорни и на уметничките дела кој вашето дете ке сака да ги отслика со неговите боици.

6. Тапетот секогаш ја нуди вистинската боја
При мешање на бои, бојата добиена во продавница често не е иста кога истата е аплицирана на ѕидот бидејќи кога ќе се исуши бојата се добива потемна нијанса. Тапетот нуди можност за амбиентална анализа која никогаш не отстапува од реализацијата.

7. Задоволството е поголемо
Тапетот Ви нуди задоволство уште на првиот поглед. Различните дизајни и бои создаваат чувство на пријатна атмосфера и внесуваат свежина во вашиот простор

8. Допирот е неверојатен
Пријатните материјали лесно се адаптираат на поставената површина, а усте полесно ги разбудуваат убавите чувства кога ќе се допрат.

9. Нова димензија на вашиот простор
Тапетот ви овозможува чувство на припадност, сигурност… Прави чуда со просторот – го истакнува, го издолжува, декорира и сето тоа по ваша желба. Едноставно и брзо, добивате нов изглед на вашиот простор.

Write A Comment