After Midnight

Омилената боја и сексот

Секој од нас има своја омилена боја. Преферирањето на одредена боја не само што ја разоткрива вашата психологија на однесување, туку дава и дополнителни информации за вас… Омилената боја постојано ве разоткрива, ве издава и кога станува збор за сексот.

 

ЦРВЕНА
Во кревет сте страствена тигрица која во сексот ужива на различни начини. Сакате да бидете моќен предмет да уживате во моќта. Истото важи и за машките кои понекогаш сакаат да бидат и претерано доминантни.

ЖОЛТА
Вашиот сексуален нагон е многу комплексен, но истовремено и прилагодлив. Сакате доминантни и мажествени машки кои имаат потполна контрола во сексот.

РОЗЕВА
Кога станува збор за сексот сакате да бидете незрели и помалку разиграни. Сакате да провоцирате и да ветувате повеќе одошто сте спремни. Машките кои ја сакаат оваа боја се склони на флерт.

ЛИЛЈАКОВА
Сакате контрола и правила, склони сте кон рутински сексуални желби. Слично е и со машките кои ја сакаат оваа боја. Тие исто така патат од контрола и строг рутински секс. Исто така двата пола се преоптеретени со себе, со сопствените желби и потреби пред оние на партнерот.

ЗЕЛЕНА
Вашиот пристап кон сексот е нежен, свеж и неискривен.  Жените кои ја сакаат оваа боја  целиот живот сексот ќе го доживуваат како чисто водење љубов како за време на заљубеноста, додека машките може да бидат многу неспретни и необични, но на некој симпатичен и позитивен начин. Не се подложни на изневерувања. 

ПОРТОКАЛОВА
Сексот го замислувате во вашата фантазија и се трудите така и да изгледа. Предиграта ви е многу важна како и самиот чин на водење љубов. Иако ретко доаѓате до врвот на самиот секс,  сепак самата игра се базира на филмски движења вклучувајќи ги и гребењето со нокти по грбот на партнерот или пак влечење за коса.
ЦРНА
Сакате провокации, нови задоволства и неочекувани ситуации. Водени сте од вашите сексуални желби, но кога се наоѓате во некоја стресна ситуација сексот е нешто последно што ви паѓа на памет.

КАФЕАВА
Вие сте она вистинско слатко за вашиот партнер. Топли сте, чувствителни и ги почитувате желбите и потребите на вашиот партнер. Романтична душа сте која ужива во самиот чин на задоволство и флерт, а вашите искрени зборови „те сакам“ совршено се сложуваат додека водите љубов. Не сакате никакви критики во сексот.

СИВА
Многу сте неодлучни и тешко се возбудувате. За машките сексот е ослободување од стресот, напнатоста и задоволување на нагонот. Додека за жените тоа значи задоволување на потребите на партнерот или неопходен пат до оформување семејство.

СИНА
Одличен партнер сте во сексот. Внимателни сте и чувствителни, а љубовта и сексот за вас се уметност. Верни сте на партнерот, многу давате, но и очекувате.

БЕЛА
За вас сексот е нешто таинствено и интимно. Сакате да водите љубов во темница што значи и не сте спремни за сексуални игри и пикантерии во кревет.

Напиши коментар