Здраво тело

Организмот си бара…

Понекогаш чувствувате желба за одреден вид намирница и ви се чини дека тој момент не можете без неа. Нутриционистите велат дека тоа не е само желба, туку и налог – знак дека на организмот му е потребно нешто од состојките кои таа намирница ги содржи. Зад сето тоа се крие недостаток на некои хранливи супстанци кои ви се потребни за добро да се чувствувате.

Еве како се толкуваат некои изненадни желби:

Пица – потребно ви е малку енергија, а таа не се обезбедува само со продукти во кои има шеќер, туку се бара и меѓу антиоксидантите кои ги има токму во овој национален италијански специјалитет. Да, токму во тестото за пица, добро замесено, нараснато и печено 10-15 минути на 250 степени –тоа го покажа истражувањето на Универзитетот во Мериленд, САД.

Мајонез – има периоди во кои не можете да му одолеете на мајонезот (иако знаете дека е висококалоричен) -тоа значи дека ви е потребен витамин Е (од маслото) и витамин А (од жолчката), а тие се многу важни и за добар изглед на кожата.

Павлака – ставате павлака на сè што јадете, а зад тоа се крие недостаток на масти во организмот. Кога инсистирате на консумирање здрава храна, имајте предвид дека со тоа понекогаш се претерува и од менито целосно се изоставаат мастите од животинско потекло а тоа не е добро. Токму тие обезбедуваат правилна работа на нервниот систем.

Хамбургер – како и за павлаката, нешто слично важи и за овој „увезен“ специјалитет, бидејќи ефикасна работа на мускулите не обезбедуваат само протеините, туку и една аминокиселина која помага при врзување на калциумот во коските, а тоа значи дека го зајакнува коскениот систем.

Кикирики – и овие омилени грицки содржат аминокиселина која помага создавање на хемоглобин во крвта, па така потпомагаат и создавање на железо. Значи, ако не можете да си го замислите денот без кикирики, тоа значи дека би требало да си ја проверите состојбата на железото во крвта.

Салама – Колку чудно и да звучи, се случува да не може да се го замислиме денот без салама. Тоа укажува на можен недостаток на Б1, витамин кој го подобрува помнењето.

Чипс – Желбата за грицкање чипс во себе крие глад на организмот за шеќер. Имено, чипсот содржи висок % на јаглехидрати.

Чоколада – какаото од чоколадата поттикнува на создавање серотонин, хормон на задоволството – оттука и потребата за чоколадо, посебно кога сте нерасположени или несреќно вљубени.

Write A Comment