Убавина

Ослободете се од флеките и пегите на природен начин

Вашата кожа е прекриена со флеки и пеги од кои не може да се ослободите? Без грижи, нема проблем кој не може да биде решен. Може и самите да направите лосион кој ќе ви помогне за овој проблем.

Овој препарат може да го направите и сами, а ќе ви бидат потребни лимон и магдонос.

Витаминот Ц е од особена важност. Неговиот недостаток може да предизвика губење на течноста во кожата и намалена синтеза на колаген кој е важен за раст и обнова на станиците на телесните ткива, на коските, кожата…

Затоа внесувајте доволна количина на витамин Ц. Освен преку храната може да го внесете и преку козметичките препарати. Еве еден едноставен рецепт:

–      1 дл сок од лимон

–      2 лажици сув магдонос

–      1,5 дл дестилирана вода

–      0,5 дл 70% алкохол

Листовите од магдонос прелијте ги со дестилираната вода и алкохолот. Протресете го шишето  во кое ги ставивте и оставете нека стои цела ноќ. Следниот ден процедете ја течноста и додадете го лимоновиот сок. Лосионот нанесувајте го секое утро на исчистена кожа.

Секојдневната употреба на овој лосион ќе го “избрише” пегите и флеките од вашето лице и раце.

1 Comment

Write A Comment