Ова е уште една колекција за претстојната пролет, овој пат потпишана од J. Crew. Колекцијата е спој од елегантни и кежуал парчиња облека. Она што може да заклучиме е дека на нас мажите ни е оставена голема слобода во комбинирањето. Можеме слободно да комбинираме најразлични стилови, бои и модели.
Она што е главна карактеристика на сите колекции, па и на оваа е тоа што кратките панталони се комбинирани со блузи со долги ракави или класични палта. И што повеќе бои на себе толку помодерно.








