After Midnight

Ова се шест знаци кои ќе ви докажат дека партнерот искрено ве сака!

Понекогаш не се доволни само зборовите “Те сакам” за да се уверите дека партнерот ве сака. Понекогаш треба да се направи нешто за да се потврди, да се докаже кажаното. За да ви помогнеме, ќе ви ги посочиме кои се основните знаци кои покажуваат дека навистина му значите на партнерот.

Ги памти ситниците

Не му е лесно на секого со зборови да ја искажува својата љубов. Но, треба да бидете свесни дека е многу подобро партнерот да знае да го покаже тоа, отколку само да го кажува а да не го докажува со дело. Доколку тој или таа ги памтат ситниците кои сте ги кажале, памтат кој филм ви е најдраг или која ви е омилена боја, што сте му кажале на првиот состанок… дефинитивно му значите.

Покажува интерес за луѓето кои ви се важни.

Освен тоа што му е важно како вие се чувствувате, партнерот се грижи и за луѓето кои на вам ви значат? Тогаш без сомнение тој ве сака.

Спонтани изненадувања!

Доколку знае да ве изненади, не мора да се тоа скапи подароци, или пак прави ситници кои ви се токму тогаш најпотребни тој навистина ве сака. Тоа што ќе ви купи нешто, значи дека тој се сетил на вас, и да е најмалата ситница сепак тој одвоил од своето време за да ви купи нешто што ќе ве израдува.

Покрај вас е кога ви треба!

Многу е важно кога ни е тешко да имаме некој покрај себе, а најдобро е кога тоа би бил човекот кој го избравте за свој партнер. Доволно е само да е покрај вас, да ве сослуша и да ве погали по косата… тоа покажува толку многу.

Спремен е на компромиси!

Голем знак дека во неговиот живот имате голема улога е доколку тој е спремен и на компромиси само за да биде со вас. Не е мала работа да се прилагодуваш кон некој и нечии желби, само за да го имаш во близина.

Чувството кога може да се потпрете на него!

Има толку многу врски во кои партнерите сепак не може да се потпрат еден на друг. А, тоа е основниот показател за квалитетот на врската. Што ви вреди ако знаете дека не може да се потпрете на партнерот за што и да ви затреба во животот?

Напиши коментар