Ова е одлична рецепта за оние кои не поседуваат големи кулинарски способности. Преубав десерт кој може да го направите без тешкотии и да го освоите партнерот. Како што велат љубовта доаѓа преку стомакот:)
Потребни состојки:
– 12 мали шолји овошни мусли
– 5 лажици кафен шеќер
– половина шолја растопен путер
– хопла
– пудинг од ванила
– 1 пакетче ванила
– јагоди
– желатин
– 1 кг јагоди, може и смрзнати
– 300 гр шеќер

Подготовка:
Најпрво растопениот путер ставете го во овошните мусли и кафениот шеќер. Потоа измешајте. Смесата ставете ја во калапи за да се стегне и да остане во таа форма. Изматете ја хоплата, ставете го во неа и сварениот изладен пудинг од ванила. Со оваа смеса премачкајте ги колачите. Потоа подгответе го филот од јагоди. Јагодите ставете ги во сад на оган. Ставете го шеќерот и промешувајте. Ставете го желатинот и мешајте се додека не добиете смеса како желе. Ставете ја ванилата откако ќе го тргнете садот од оган. Оставете нека се подизлади, па потоа премачкајте ги колачите. Не чекајте премногу да се излади зошто смесата ќе се стегне преногу. Доволно колку да не се растопи филот од хопла и пудинг. На крајот може да ставите шлаг за декорација и да посолите малку мелени лешници.



