Celebrity

Падна цената на Бритни!

Американската пејачка Бритни Спирс, поради слабиот одзив, била приморана да ја преполови цената на картата за својот концерт во Велика Британија, пишува лондонскиот таблоид „Sun“.

Поп ѕвездата, која кон крајот на оваа недела треба да го одржи својот концеррт во Лондон, а за прв пат во Британија кога е во прашање турнејата „Femme Fatale“, ја снижила цената на картите од 55 на 30 фунти за настапот во Бирмингем следниот месец.

Организаторите се загрижени, бидејќи многу лесно може да се случи 29-годишната Бритни да се најде пред полу полната сала во ЛГ Арената која може да собере и до 16.000 посетители. Во Шефилд, каде Бритни ќе настапи неколку дена подоцна, промотерите ги продаваат картите за нејзиниот концерт по принцип „две по цена од една“.

Напиши коментар