Мојата кујна

Палачинки со рикота и прелив од вишни

Подгответе го овој убав рецепт и уживајте во прекрасниот вкус во ладните ноќи.

Потребни состојки за палачинките:

115 гр брашно

30 гр шеќер

пециво

малку сол

275 гр рикота сирење

4 жолчки

125 мл млеко

3 белки

неколку капки сок од лимон

ванила

рендана кора од лимон

Подготовка на палачинките:

Во еден сад ставете го брашното, солта, пецивото и шеќерот и убаво измешајте со лажица. Одвојте ги белките од жолчките, ви требаат три и изматете ги со сокот од лимон. Не ги матете премногу. На старана изматете ги четрите жолчки со сирењето. Ставете ја смесата со сирењето во брашното. Изматете го убаво и додадете го млекото. Потоа ставете ја сместаа со белките и полека со нежни движења мешајте со дрвена лажица. Додатете ги останатите состојки.

Оваа смеса се пече во подмачкана тава. Би требало од смесата да излезат 6 палачинки.

 

За преливот од вишни потребно ви е:

2 лажици скробно брашно

1 лажица несолен путер

500 гр вишни (може и смрзнати)

2 лажици темен шеќер

сок од половина лимон

125 мл вода

Подготовка на преливот:

Скробното брашно измешајте го со 65 мл вода. Во помал сад ставете го путерот, шеќерот, 60 мл вода, и вишните. Ставете го садот на оган и варете додека не се згусне смесата. Кога ќе го тргнете садот од оган ставете го и лиомоновиот сок. Доколку премногу ви се згусне преливот ставете дополнително вода.

Прелијте ги палачинките со овој вкусен прелив и уживајте во прекрасниот вкус:)

Write A Comment