Celebrity

“Пеперси” ќе ја заобиколат Србија на Европската турнеја!

Рок бендот „Ред Хот Чили Пеперс“ во август ќе настапи во Загреб. Иако имало најава дека тие ќе настапуваат и во Србија, засега ова е само неостварена желба за нив, па и за нашите фанови на „Пеперси“ за кои не би претсавувало некоја тежина да отпатуваат до Белград за да го видат својот омилен бенд на сите времиња.

Овој славен бенд последно свиреше најблиску до нас или во Србија во 2007 година, а концертот траеше само еден саат. Организаторите не добија позитивни критики, бидејќи немало место за паркирање, а озвучувањето било доста слабо. На крајот, дождот го уништил целиот спектакл.

За жал, менаџерот на рок групата, решил со оваа европска турнеја да ја заобиколи Србија. Дали поради споменатиот попуст или поради високата цена на картите, сеуште не може да се потврди со сигурност.

За оние кое се страсни обожаватели на „Пеперси“ ќе можат да ги видат во живо дури идното лето и тоа на хиподромот во Загреб, Хрватска. Тие ќе настапуваат во склоп на европската турнеја „I’m With You“. Оваа турнеја официјално започна овој септември, а ќе трае до 2013 година.

Напиши коментар