Убавина

Три нови начини како да ги искористите работите кои веќе ги имате

Кој уште не води сметка како троши во овие денови? Ова се неколку совети кои се однесуваат на убавината. Има некои производи кои може да ги употребите и за други намени, освен онаа за која се наменети. Наместо да купувате нови производи искористете го она што го имате.

Ако имате преса за коса. Со неа не само што ќе можете да ја израмните, исправите косата туку ќе може да направите и убави локни. Само треба да го фатите врвот на праменот со пресата, а должината на истиот да ја обмотате околу пресата. Држете кратко и пуштете. Ќе имате прекрасно оформени локни.

Сјај за усни. Освен тоа што може да го користите за уста, може да го користите и како подлога за сенка на очите. Доколку ставите малку сјај, сенката ќе се залепи и ќе биде потрајна.

Фен за коса. Освен тоа што со него може да си ја сушите косата може да го употребите и за уште нешто. Со фенот растопете го креонот, со кој многу полесно ќе го постигнете ефектот smokey eyes.

Write A Comment