After Midnight

Пет знаци дека ќе ве задоволи во кревет

Како може да знаете дали ќе ве задоволи во кревет? Стручњаците велат дека постојат пет јасни знаци кои навестуваат голема страст меѓу чаршафите. Ако треба да бидеме искрени, никогаш не може со сигурност да знаеме дали момчето или девојката која ни се допаѓа ќе не задоволи се додека немаме секс со неа или него. Но, стручњаците велат дека ова се знаците кои ќе ви кажат дали треба воопшто да пробате:) . Ова се неколку типа кои гарантираат незаборавно сексуално искуство.

Агресивни – врвните љубовници многу често се агресивни и не се срамат да го кажат она што навистина го сакаат. Уживаат додека сте вие нервозни и секогаш кога ќе ве видат нервозни тие ве замилсуваат во врел секс.

Кул играч – кај него нема нервоза, мирен е и апсолутно сигурен за своите постапки. Се чини дека кога нешто прави го прави со толкава самодоверба како целиот свет да е негов. Во сексот целата контрола ја има во свои раце и делува многу моќно и самоуверено.

Самоуверен – мажот кој е добар во кревет зрачи со голема самодоверба. Тоа што тој е сигурен во себе и своите постапки воопшто, му дозволува да биде ист таков и во сексот. Не се плаши дека нема да ве задоволи, а кога има поголема самодоверба може да направи сé.

Богато минато – мажите со богато сексуално искуство гарантираат и големо задоволство. Тие имаат искусено многу, и знаат како да реагираат во многу ситуации.

Комуникативни – тие сакаат да бидат во друштво на жени кои ја пратат неговата игра. Тој со разговор може да ве “натера” да водите љубов. Уште пред самиот чин на водење љубов тој “води” љубов со вас…

 

Напиши коментар